Достапни линкови

Дополнителна истрага на местото каде што загина Младенов


Никола Младенов

Никола Младенов

По наредба на истражниот судија се врши дополнителна истрага и вештачење на местото каде во минатата недела загина новинарот Никола Младенов во сообраќајна несреќа. Полицијата го обезбедува местото на клучката кај Хиподром и не дозволува пристап на новинарските екипи. Од истражниот отсек на Кривичниот суд соопштија дека денеска им пристигнале записниците за увид од криминалистичко-техничката анализа и обдукциониот наод, а кога ќе бидат анализирани јавноста ќе биде известена.
Според судот, наредбата е дадена поради сообраќајно техничко вештачење. Експертите на местото на несреќата ја проверуваа продупчената банкина, како и местото каде мерцедесот се забил во земјата и се превртел.
XS
SM
MD
LG