Достапни линкови

Георгиадис-Кипар е одлучен да го исполни договореното


Новиот кипарски министер за финансии Харис Георгиадис за државното радио РИК изјави дека земјата има потреба од меѓународен спасувачки кредит за да може економијата да функционира. Во интервјуто тој ја изрази одлучноста на владата да исполни се што е договорено со меѓународните кредитори. Според него, десетте милијарди евра се наменети за финансирање на нивните потреби и покривање на државниот дефицит.
Тој порача ако Никозија покаже доследност, ги примени сите договорки со меѓународните кредитори и ги почитува преземените рокови, ќе бидат избегнати нови перипетии за економијата и земјата.
XS
SM
MD
LG