Достапни линкови

Бесими очекува кредибилен и објективен извештај од ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими изјави денеска дека прогресот постигнат во петте приоритетни области наведени во декемврискиот извештај од Европскиот совет, кои се дел од пристапниот дијалог на високо ниво ќе бидат главна тема на средбите со еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој во вторник доаѓа во посета на Македонија за финализирање на пролетниот извештај за земјата.
Според него, Филе, кој ќе биде придружува од директорот на Директоратот за проширување при ЕК Стефано Санино, со македонските владини претставници ќе разговара и за политичкиот дијалог, при што очекува да се нотира надминувањето на политичките недоразбирања меѓу власта и опозицијата што следеше по настаните во Собранието од 24 декември, како и формирањето на Експертската комисија која треба да помогне тие да се расветлат. Тема на разговор ќе бидат и локалните избори. Бесими порача дека очекува кредибилен и објективен извештај.
XS
SM
MD
LG