Достапни линкови

Илјадници луѓе на палестински погреб во Западниот брег


Судирите во Хеброн на Западниот брег

Судирите во Хеброн на Западниот брег

Илјадници луѓе се собраа на погребот на палестинскиот затвореник кој умре во израелски затвор и на двајцата момчиња кои беа убиени од израелски војници. Абу Хамдијев, кој умре од рак на грлото во болницата во затворот беше погребан со воени почести во градот Хеброн на Западниот брег.
Неговата смрт предизвика протести, а палестинските лидери го обвинија Израел за одложување на лекарскито третман на Хамдијев. Двете момчиња загинаа за време на судирите поради смртта на Хамдијев и беа погребани во нивното село Анабта.
XS
SM
MD
LG