Достапни линкови

Британски законодавци против зголемена помош за Пакистан


Училиште во Пакистан

Училиште во Пакистан

Група британски законодавци побараа земјата да не ја зголемува помошта за Пакистан, доколку Исламабад не направи повеќе во собирањето данок од побогатите граѓани. Британија планира двојно да ја зголеми помошта за Пакистан, односно ќе издвои 675 милиони долари во наредните две години.
Но, според извештајот на Комитетот за меѓународен развој при Парламентот не е фер да се користат парите на британските даночни обврзници за да се финансира здравството и образованието во Пакистан без да се осигурат дека власта е посветена на даночните реформи.
XS
SM
MD
LG