Достапни линкови

Џафери - Македонија споделува исти вредности со НАТО


За членството во НАТО постои најширок општествен и политички консензус и силна поддршка од граѓаните на Македонија“, рече министерот за одбрана Талат Џафери во своето обраќање по повод денот на НАТО.

Република Македонија споделува исти вредности и интереси со земјите членки на Алијансата, рече министерот за одбрана Талат Џафери во своето обраќање по повод денот на НАТО.

„За членството во НАТО постои најширок општествен и политички консензус и силна поддршка од граѓаните на Република Македонија“, рече Џафери.

Освен широкиот консензус, дали земјава вистински напредува кон членство во меѓународната организација? Упатените се согласни дека спорот за името со соседна Грција е главна пречка, но имаат и други забелешки.
Џафери: За членството во НАТО постои широк консензус
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Практично од 2008 година не е набавено ништо ново, нити од оружје, ниту е преадаптирано нешто во смисла на некоја поголема реформа и би рекол трансформација, оној збор кој најчесто го употребуваат натократите, значи трансформацијата на македонскиот одбранбен механизам и потенцијали практично тапка во место.
Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО.
Професор Нано Ружин, поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, вели дека поради одредени стратешки владини приоритети и веројатно поради НАТО скептицизам, реформите во македонската одбрана се забавени.

„Практично од 2008 година не е набавено ништо ново, нити од оружје, ниту е преадаптирано нешто во смисла на некоја поголема реформа и би рекол трансформација, оној збор кој најчесто го употребуваат натократите, значи трансформацијата на македонскиот одбранбен механизам и потенцијали практично тапка во место“, вели Ружин.

Од народната каса се издвојуваат 1,15 проценти за потребите на одбраната, забележува Ружин.

„Инаку треба да биде меѓу 2 и 2,5 отсто. Нормално, има одредени разбирливи елементи коишто може на одреден начин да го оправдаат ова намалување, поради финансиската и економска криза, но проблемот е што во Македонија оваа стагнација трае веќе пет години, значи од 2008 година. Имаме префрлање пари во другите
После тоа мислам дека има само формални процедури за да станеме полноправна членка, значи да се добие покана на ниво на амбасадори во Брисел и тие протоколи кои следуваат веројатно можеме многу полесно да ги поминеме.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.
министерства и на тој начин може да констатираме дека Македонија практично како да е индиферентна на сите повици“, вели Ружин.

Како и да е, клучен проблем останува решавањето на билатералниот спор со името со соседна Грција, вели политикологот Исмет Рамадани.

„После тоа мислам дека има само формални процедури за да станеме полноправна членка, значи да се добие покана на ниво на амбасадори во Брисел и тие протоколи кои следуваат веројатно можеме многу полесно да ги поминеме“, вели Рамадани.

Денот на НАТО е настан кој традиционално се одбележува во сите земји членки на Алијансата и во земјите-партнери. На денешен ден во 1949 година во Вашингтон 12 земји го потпишале Договорот со кој е конституирана Северноатлантската алијанса.
XS
SM
MD
LG