Достапни линкови

Оџалан ги повика курдските бунтовници да се повлечат


Курдскиот лидер Абдула Оџалан

Курдскиот лидер Абдула Оџалан

Курдскиот лидер Абдула Оџалан ги повика неговите борци разоружани да се повлечат од Турција, во рамки на мировниот процес за решавање на повеќедеценискиот курдски бунт. Повлекувањето на разоружените борци на Курдската работничка партија на Оџалан од турска територија би претставувало значаен чекор кон завршување на конфликтите меѓу Турција и припадниците на ПКК, во кои загинале повеќе од 40.000 луѓе.
Медиумите јавија дека Оџалан пораката ја упатил вчера на делегацијата на прокурдската Партија на мирот и демократијата, која го посети во затворот на островот Имрали, кој се наоѓа јужно од Истанбул.
XS
SM
MD
LG