Достапни линкови

Државните тела зависни од политиката


Членови на Државната комисија за спречување корупција.
Членови на Државната комисија за спречување корупција.

Земјава ќе покаже дека е зрела да спроведе фер и демократски избори доколку инстуциите почнат да постапуваат неселективно и кога сите политички актери ќе почувствуваат дека има норми за спречување на корупцијата, заклучуваат експертите.

И овој последен изборен процес го потврди фактот дека во земјава не постои независно антикорупциско тело, констатираат некои од невладините организации кои ги следат локалните избори.
Државната антикорупциска Комисија навистина стана една институтција без никаква функција, особено со вакви, ако може така да се процени наместени делувања, како што тоа се случува со кандидатот од СДСМ.
Ана Јаневска Делева, Транспарентност Македонија.

Ана Јаневска Делова од Транспарентност Македонија изјави дека Државната изборна комисија го преспала целиот изборен процес независно од тоа што експресно покрена постапка за имот на кандидатот за градоначалник на Центар на два дена пред избори.

„Државната антикорупциска Комисија навистина стана една институтција без никаква функција, особено со вакви, ако може така да се процени наместени делувања, како што тоа се случува со кандидатот од СДСМ.“

Андреј Жерновски, лидерот на ЛДП (Либерално демократска партија), кандидат за градоначалник на Општина Центар во Скопје.
Андреј Жерновски, лидерот на ЛДП (Либерално демократска партија), кандидат за градоначалник на Општина Центар во Скопје.
Таа порача дека постапката е задоцнета и наместена, додавајќи дека уште од моментот на распишување на изборите Антикорипциска требало да креира програма на активноста за превенирање и детектирање на сите форми на коруптивно однесување.
Недопустливо е во една правна држава, во еден правен систем како нашиот, позицијата само да се користи за одделни постапки, а не и за другите постапки во кои исто така се утврдуваат одредени девијации, одредени злоупотреби.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Најдрастичен пример со сите овие случувања поврзани со непостапувањето на Комисијата беше случувањето со општина Центар кадешто премиерот Никола Груевски едноставно заборавил на своите работни обврски и секојдневно ја тера кампањата на својот сопартиец Тодоровиќ.“

Вчера Антикорупциската комисија покрена постапка за имотот на кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски кој во анкетниот лист кој го доставил до нив дал неточни информации. Кандидатот на здружената опозиција за градоначалник Жерновски, претходно го обвини неговиот противкандидат Владимир Тодоровиќ дека српските медиуми пишуваат за инвестиции во Србија, од пари кои ги зел од граѓаните на Македонија.

СДСМ, пак, посочија дека Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на општина Карпош, за да го покрие чинот на реваншизам и бркањето од работа на чувар од општината Карпош се обидувал да му намести афера.

Експерите повторуваат дека земјава ќе покаже дека е зрела да спроведе фер и демократски избори доколку инстуциите почнат да постапуваат неселективно и кога сите политички актери ќе почувствуваат дека има норми за спречување на корупцијата.

„Недопустливо е во една правна држава, во еден правен систем како што е нашиот позицијата само да се користи за одделни постапки, а не и за другите постапки во кои исто така се утврдуваат одредени девијации, одредени злоупотреби“, изјави професор Осман Кадриу.

Претходно Транспарентносот Македонија објави анализа во која како проблеми на овие избори беа наведени нееднаквите услови на политичките партии за изборната кампања меѓу власта и опозицијата, вработувањата, нетранспарентното трошење буџетски сретства.

Од друга страна владејачката ВМРО-ДПМНЕ излегува со реакции дека Транспарентност е управувана од СДСМ. Во извештаите за избори на ОБСЕ/ОДИХР често како проблем се посочува мешањето на државата во изборната кампања.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG