Достапни линкови

Се очекува „продуктивен“ предлог за името?


Веднаш по изборната еуфорија, Владата ќе треба да се зафати со европските прашања и со спорот за името со оглед на тоа што следната недела ќа се одржи средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на Македонија и на Грција во Њујорк, а најавена е и посетата на еврокомесарот Штефан Филе во Скопје.

Заострените внатрешно политички односи, неформираната комисија која требаше да има задача да ги расчисти случувањата од 24 декември и блокираниот дијалогот на новинарите со Владата, се само дел од негативните точки кои Македонија може да ги очекува од европскиот пролетен извештај, велат аналитичарите. Веднаш по изборната еуфорија, Владата ќе треба да се зафати со европските прашања и со спорот за името со оглед на тоа што следната недела ќа се одржи средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на Македонија и на Грција во Њујорк, а најавена е и посетата на еврокомесарот Штефан Филе во Скопје.
Самиот извештај нема пред себе да го има знакот позитивен или негативен, туку ќе ги констатира состојбите, но е многу битно што ќе исфрли на преден план. Прашање е како ова ќе помине кај државите членки, особено што Грција во секој случај ќе ги искористи сите можни негативности.
Малинка Ристевска Јордановска, Институт за европска политика.

Професор Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европска политика вели дека критериумите во пролетниот извештај се значајно намалени, затоа што, ако порано се бараше повисоко ниво на демократија, сега мирни избори предизвикуваат задоволство кај претставниците на Европската комисија. Таа објаснува дека се прави сè за да се извлече максимумот од петте точки во патоказот со цел да се добие поволен извештај кој ќе може да се презентира пред Советот кој би овозможил одржување на препораката и Македонија да остане на дневен ред.

„Самиот извештај нема пред себе да го има знакот позитивен или негативен, туку ќе ги констатира состојбите, но е многу битно што ќе исфрли на преден план. Прашање е како ова ќе помине кај државите членки, особено што Грција во секој случај ќе ги искористи сите можни негативности за да покаже дека не е всушност таа таа што блокира, туку недостатокот од исполнување на политичките критериуми од страна на Република Македонија“, вели Ристевска Јордановска.
Нимиц е свесен и добро ги познава ставовите, насоките каде што може да се приближат двете страни така што може да се очекува еден попродуктивен од досегашните предлози, кој би бил барем добра основа за финализација или за напредок на разговорите.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Професор Димитар Мирчев очекува во следните неколку дена да има придвижување во преговорите за името поради зачестените средби на Нимиц со преговарачите годинава.

„Мислам дека ставовите се искристализирани, бидејќи господинот Нимиц е свесен и добро ги познава ставовите, насоките каде што може да се приближат двете страни така што може да се очекува еден попродуктивен од досегашните предлози, кој би бил барем добра основа за финализација или за напредок на разговорите.“

Мирчев претпоставува дека по консултацијата на преговарачите со државните врвови на двете страни Нимиц повторно ќе дојде во регионот. Тој додава дека интересот на Филе и неговиот ангажман околу ова прашање е корисен во ситуацијава.

Ристевска Јордановска вели дека нè очекува една интересна пролет и треба да се гледа пошироко на настаните кои се одвиваат во регионот како односите меѓу Србија и Косово, така што веројатно има амбиции да се направи мал пакет, но сето тоа е со голема доза на неизвесност.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG