Достапни линкови

Украинскиот парламент расправа без опозиција и во друг објект


Украинските пратеници од владејачката Партија на регионите и од Комунистичката партија одржуваат седница без опозиционите пратеници и тоа не во вообичаената сала, туку во објект во близина на зградата на Парламентот. Опозицијата и денеска, како и во повеќе наврати досега, ја блокира салата за седници на парламентот и бара локалните избори во Киев да се поместат за во јуни, одложување на реформите во пензискиот систем и оставка на владата.
XS
SM
MD
LG