Достапни линкови

logo-print

ЕУ бара од Северна Кореја конструктивност и воздржаност


Северна Кореја мора да запре со кревањето на тензиите, е ставот на Европската Унија откако Пјонгјанг предупреди дека е подготвена за нуклеарен напад врз Соединетите Држави. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон наведува дека континуираното кршење на меѓународните обврски, заканите за стабилноста во регионот, можат да доведат до заеднички одговор на меѓународната заедница. Ештон ги повика лидерите на Северна Кореја да бидат конструктивни и да соработуваат со останатиот дел од светот.
XS
SM
MD
LG