Достапни линкови

Убиени двајца палестински тинејџери


Израелските сили соопштија дека убиле двајца палестинци на Западниот Брег. Имено група палестинци фрлала молотови коктели врз еден контролен пункт на израелската армија во близина на Тулкрам, по што војниците отвориле оган. Судирите избувнаа вчера во делови од палестинските територии за време на протестите поради смртта на еден палестинец во израелски затвор. Вчера, израелски авиони за прв пат од примирјето во ноември, бомбардираа цели во Појасот Газа, како одговор на истрелувањето ракети врз израелска територија.
XS
SM
MD
LG