Достапни линкови

Северна Кореа со можни планови за нуклеарни напади


Северна Кореа соопшти дека го одобрила планот за можен нуклеарен напад против Соединетите Американски Држави, јави севернокорејската државна новинска агенција, повикувајки се на извори во народната армија. Аналитичарите велат дека Северна Кореа нема доволно ресурси за да организира напад на американска територија но можно е да се цели кон Јужна Кореа и американските трупи во земјата. Најавата следи по одлуката на Пентагон за зајакнување на антиракетната одбрана на островот Гуам.
XS
SM
MD
LG