Достапни линкови

Србите од Косово задоволни од преговорите во Брисел


Српските општински советници од Северно Косово, кои денеска имаа седница во Лепосович, ги поздравија одлучноста и единството на државното раководство на Србија, покажани на осмата рунда од дијалогот со Приштина во Брисел. Тие истакнаа дека го поздравуваат неприфаќањето на нови уцени, понижувања и условувања од страна на дел од меѓународната заедница.
Според нив, сега е време Уставниот суд да донесе одлука за уставноста на досега постигнатите бриселски договори. Тие повторија дека резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации е во сила и е единствен легален акт.
XS
SM
MD
LG