Достапни линкови

Авганистан-53 жртви во нападот на талибанците


Авганистанските власти соопштија дека најмалку 53 луѓе загинале, а десетици се повредени во напад на талибанците во западниот дел на земјата. Според властите од покраината Фарах вооружена група се судрила со безбедносните сили, откако талибански бомбаши самоубици го детонирале експлозивот пред еден суд. Меѓу загинатите има 34 цивили, 6 војници, 4 полицајци и 9 талибанци, а 91 лице било повредено.
XS
SM
MD
LG