Достапни линкови

Антикорупциска и ВМРО ДПМНЕ за имотот на Жерновски


Андреј Жерновски

Андреј Жерновски

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти денеска дека кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „Сојуз за иднината“ Андреј Жерновски давал неточни и непотполни инфомации за неговиот имот што создава основа за барање кривична одговорност. Според комисијата, оценката е донесена по направениот увид во сите анкетни листови што ги има давано Жерновски во својство на пратеник од 2003 година до денес, обезбедените имотни листови за имотот што се води на негово име во Агенцијата за катастар на недвижности и документите од Централниот регистар на РМ.
Од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека Жерновски продолжува неосновано да напаѓа за да го прикрие од јавноста својот криминал и непријавениот имот вреден милиони евра. Според соопштението, иако Антикорупциска поведе постапка против него, тој и натаму го напаѓа Владимир Тодоровиќ, сакајќи да го сврти вниманието на јавноста.
Жерновски го повика неговиот противкандидат Тодоровиќ на тв дуел за да одговори ан енколку прашања. Според него, ниту во првиот, ниту во вториот круг не слушнавме ништо за „Зебра“. Жерновски прашува како е можно во неговиот мандат, површина наменета за паркирање на граѓаните на Центар од објект наменет за јавна употреба, одеднаш, да стане сопственост на Тодоровиќ. Тој побара и одговор како добивката на фирмите на Тодоровиќ се зголемила за, како што тврди, 16 милиони евра.
Тодоровиќ ги отфрли тврдењата на Жерновски дека неговата компанија „Тинекс“ нечесно заработува или пак заработува со помош на власта.Жерновски според Тодоровиќ се обидува да ја замајува јавноста и му порача ако најде еден позначаен финансиски договор на „Тинекс“ со било која институција, да и го покаже на јавноста, да каже каде е таму добивката, а тој ќе се откаже од кандидатурата.
XS
SM
MD
LG