Достапни линкови

ЕК-Кипар првата транша од кредитот ќе ја добие во мај


Европската Комисија соопшти денеска дека првата транша од кредитот за помош на Кипар во вредност од 10 милијарди евра земјата ќе ја добие во наредниот месец. Потпаролот на ЕК, Оливие Бејли изјави дека спогодбата на Кипар со меѓународните кредитори што подразбира строги мерки за штедење и реформи, чека конечно одобрување од владите на членките на еврозоната.
Според него, министрите за финансии на еврозоната спогодбата ќе ја одобрат на неформалниот состанок во наредната недела во Даблин, а спогодбата, онаму каде што ќе има потреба, ќе оди и на парламентарно изгласување.
XS
SM
MD
LG