Младите политичари обединети против невработеноста
Претставници на подмладоците на политичките партии дискутираа за намалување на невработеноста меѓу младите. На средбата не биле поканети претставници на младинските организации а според проценки на невладините организации, земјава е лидер во светот по стапката на невработеност меѓу младите.