Достапни линкови

Коцијанчич-голем прогрес во преговорите меѓу Србија и Косово


Високата преставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон

Високата преставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон

Портпаролката на високата преставничка на ЕУ за надворешна политика Маја Коцијанчич изјави денеска дека на вчерашните преговори во Брисел меѓу Србија и Косово бил направен голем прогрес и дека јазот меѓу двете страни е тесен. Според неа, во наредните денови Кетрин Ештон очекува преставниците на Србија и Косово да комуницираат со неа за одлуките кои ги донеле во однос на предлозите за изнаоѓање на решение. Коцијанчич потенцираше и дека засега не е во план да се одржи нов состанок.
XS
SM
MD
LG