Достапни линкови

Филе за претседател на Комисијата за 24-ти декември


Почетокот на јуни е рокот до кој Комисијата треба да изготви извештај за случувањата во Собранието на седницата за буџетот, а уште нема ни претседател.

Партиски извори тврдат дека продолжуваат да разговараат за да најдат политички независна личност на која ќе и биде доверена обврска да раководи со работата на Комисијата. Почетокот на јуни е рокот до кој Комисијата треба да изготви извештај за случувањата во Собранието на седницата за буџетот. Медиумите веќе објавија написи во кои шпекулираат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеат да изберат претседател со консензус, голема е веројатноста претседателот да биде избран со асистенција на еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој во Скопје се очекува да дојде наредната недела.

Истите извори таквите наводи ги коментираат како произволни, но велат дека двете партии во договорот за решавање на политичката криза се согласиле дека странците може да влијаат како олеснувачи со цел да се надминат несогласувањата.
Многу е тешко со оглед на тоа дека членовите на Комисијата се делегираат директно од политичките партии, да се изнајде објективно и рационално решение, но многу ќе зависи од тој што ќе се бави со Комисијата, особено ако е надворешен член.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Досега имаше два неуспешни обиди на претставниците на власта и опозицијата да постигнат договор за името на претседателот. Понудените имиња партиите ги одбиле со аргумент дека не се независни.

Формирањето на Комисијата е иницијатива на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Од неговиот кабинет не ги коментираат случувањата околу работата на ова тело. Комисијата има мандат да ги утврди случувањата на 24 декември во Собранието кога беа избркани пратениците од опозицијата, а собраниските известувачи беа исфрлени надвор од собраниската галерија.

Експертите кои претходно излегуваа со проценки за работата на ова тело прогнозираа дека работата нема да оди без тешкотии доколку настрана од Комисијата не се тргне политичката димензија.

Професор Мерсел Биљали очекува вниманието првенствено да биде насочено кон тоа да се води сметка претседателот да биде непартиска личност.

„Многу е тешко со оглед на тоа дека членовите на Комисијата се делегираат директно од политичките партии, да се изнајде објективно и рационално решение, но многу ќе зависи од тој што ќе се бави со Комисијата, особено ако е надворешен член.“

Во третата рунда разговори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба повторно да предложат по двајца експерти од двете партии за претседател на ова тело. Новиот претседател кој би бил прифатлив за двете партии треба да биде избран со консензус од листата со пет имиња, со оглед дека еден експерт треба да предложи и претседателот на државата. Во ова тело треба да учествуваат и двајца експерти странци, но без право на глас.

Досега се утврдени само членови на комисијата. Објавувањето на партиски кандидати за членови на комисијата предизвика најмногу реакции во јавноста.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG