Достапни линкови

logo-print

„Менада“ за Владимир Викторович Васиљев - Бог на танцот


Владимир Викторович Васиљев.

Владимир Викторович Васиљев.

Водечкиот танчер при Бољшој театар и Народен уметник – Владимир Викторович Васиљев е добитник на Наградата за врвни достигнувања во областа на танцот за 2013 година - „Менада“. Признанието ќе му биде врачено на 12 април во МОБ на свеченото отворање на деветото издание на „Танц фест Скопје“, манифестацијата на која ден потоа со нагласена љубопитност се очекува и настапот на њујоршката „Батери денс компани“, првото бродвејско оф-шоу што ќе има можност да го види домашната публика.

По деветгодишните заложби „Танц фест Скопје“ дефинитивно влегува во кругот на големите европски и светски случувања. Во градов и во Македонија доаѓа една од најголемите планетарни ѕвезди од областа на танцот – Владимир Викторович Васиљев, добитник на Наградата за врвни достигнувања во областа на танцот за 2013 година - „Менада“.
Батери денс компани.

Батери денс компани.

Тоа е човекот којшто „Њујорк тајмс“ своевремено го нарече „Господ на танцот и виртуоз на танцот на 20 век“, човекот којшто со својата дејност во минатиот век и со својот артизам на некој начин ја смени историјата на балетската уметност во светски рамки. Тој ја надгради танцовата игра и многу од вокабуларот во балетскиот речник се измени и се воведоа нови движења благодарејќи на неговата виртуозност.

„Тоа е човекот којшто „Њујорк тајмс“ своевремено го нарече „Господ на танцот и виртуоз на танцот на 20 век“, човекот којшто со својата дејност во минатиот век и со својот артизам на некој начин ја смени историјата на балетската уметност во светски рамки. Тој ја надгради танцовата игра и многу од вокабуларот во балетскиот речник се измени и се воведоа нови движења благодарејќи на неговата виртуозност“, истакнува Рисима Рисимкин, уметнички директор на „Танц фест“.

Васиљев важи и за „најдобриот Спартак на сите времиња“, а не помалку бил впечатлив во улогите на тиранинот Иван Грозни, мудриот Зорба, нежниот Ромео, а неговиот дует со Екатерина Максимова, останува до денешен ден како ненадминат пример за партнерство и на сцената и во реалниот живот, признат од страна на Танцовата академија од Париз како „Најдобар дует на светот“.
Рисима Рисимкин.

Рисима Рисимкин.


Ние ги следиме светските текови и оваа година фестивалот ќе го отвориме, ќе започнеме со активности кои што на некој начин ќе траат преку целата година и „Танц фест“ ќе се рашири во повеќе градови во Македонија.
​Во 1971 година, Васиљев започнува да работи како кореограф и како театарски и филмски режисер ставајќи потпис на 13-те долгометражни балети како „Икар“, „Магбет“, „Ромео и Јулија“, „Дон Кихот“, „Лебедово езеро“ и други. Голем дел од овие балетски претстави се продуцирани во Бољшој театар, а останатите, заедно со неговите кореографски дела за опера, добиваат громогласни аплаузи на светските водечки сцени како што се Метрополитен опера, Ла Скала, Токио Бунка Каикан, Барбикан центар... Потем повеќе од 10 години ги водел постдипломските студии на Државниот институт за Изведувачки уметности, а во 1995 со Декрет од страна на Претседателот е назначен за Уметнички и генерален директор на Бољшој театар.

Денес, Васиљев е Народен уметник на СССР и на Русија, член на Руската академија на уметности и на Интернационалната академија на уметности, почесен доктор на науки на бројни универзитети и добитник на мноштво престижни награди како „Нижински“ за најдобар танчер на светот, руската Нобелова награда и многу ордени и признанија во повеќе земји од светот и во УНЕСКО.

Од друга страна, посебен белег на годинешното издание на „Танц фест Скопје“ ќе му даде и присуството на њујоршката „Батери денс компани“, кои не само што во официјалната програма ќе го изведат своето шоу „Аутобиографика“, туку и ќе го претстават проектот „Танц за поврзување“ што се одвива во преку 40 земји од светот и кој само во САД го практикуваат над 200.000 јавни школи. Со нивните презентации на танцот пред млади од различни етнички припадности во неколку града во Македонија (Скопје, Битола, Тетово, Струга и Штип) ќе започне и спроведувањето на новата концепција на манифестацијата.

„Ние ги следиме светските текови и оваа година фестивалот ќе го отвориме, ќе започнеме со активности кои што на некој начин ќе траат преку целата година и „Танц фест“ ќе се рашири во повеќе градови во Македонија“, дополнува Рисимкин.

Кон ова само уште информацијата дека официјалната програма на Фестивалот ќе стартува со претставата „Надеж“ на Националниот балет од Анталија – Турција, дека ќе гостува и балетот од Косово, а на сцената „Зебра“ ќе се случи и премиерата на проектот „Импулс“ што го потпишува Скопје танц театар – првата официјална танцова компанија од Македонија. Со неа ќе биде и завршната церемонија на манифестацијата која ќе се одржи на 17 април во Народниот театар во Битола.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG