Достапни линкови

Без договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина


Делегациите на Србија и на Косово предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ни по над 12-часовните разговори во Брисел не постигнаа договор за заедницата на српските општини на северот на Косово. Според посредникот во дијалогот, високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон, јазот меѓу двете страни бил тесен, но длабок.

На осмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, премиерите на Србија и на Косово беа придружувани од нивните заменици, што според некои оценки, и даде малку поинаков тон на средбата од претходните седум што се одржаа во Брисел од октомври досега.
Ова е последен пат што се сретнуваме официјално. На масата имаше повеќе предлози и јазот меѓу двете страни е тесен, но длабок. Тие сега ќе се вратат и ќе се консултираат со нивните колеги по што во наредните денови ќе ми ги соопштат своите одлуки.

„Ова е последен пат што се сретнуваме официјално. На масата имаше повеќе предлози и јазот меѓу двете страни е тесен, но длабок. Тие сега ќе се вратат и ќе се консултираат со нивните колеги по што во наредните денови ќе ми ги соопштат своите одлуки“, изјави посредникот во дијалогот, високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон, која одби да каже поконкретно за изнесените предлози.
високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон

високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон


Косовскиот премиер Хашим Тачи по маратонските разговори изјави дека барањето за дополнителни консултации дошло од српската страна.

„За жал Србите се уште се двоумат и имаат ставови кои не се базирани врз принципи. Тие побараа дополнително време и консултации“, изјави Тачи кој не ја исклучи можноста за уште една средба во наредниве денови, доколку, како што рече, српската страна уважи некои од предлозите на Приштина.

За жал Србите се уште се двоумат и имаат ставови кои не се базирани врз принципи. Тие побараа дополнително време и консултации.
Тој додаде дека предложената заедница на српските општини на Косово никогаш нема да има извршни и законодавни овластувања, бидејќи тоа не е во согласност со косовскиот Устав.

Според Тачи, на состанокот имало нови учесници кои не биле подготвени на новата реалност на преговарачката маса.

Дека разговорите биле тешки и драматични потврди и српскиот премиер Ивица Дачиќ кој прецизира дека и натаму постоеле значајни разлики, пред се за надлежностите на заедницата на српските општини и за прашањето за полицијата и правосудството.

Според Дачиќ, косовската страна била загрижена дека ваквата широка автономија за косовските Срби во иднина би можело да води до нивно отцепување и сепаратизам.

„И покрај тоа што имавме толку долготрајни состаноци, повеќе пати и во различни формати, не успеавме да дојдеме до целосен договор. Имаме уште извесно време да дојдеме до решение и да ги собереме впечатоците по овие долги разговори“, изјави Дачиќ кој запрашан дали ваквиот исход ќе биде пречка за Србија да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, оцени дека датумот станал дел од проблемот и оти сега Белград не може многу да се надева дека ќе го добие.

Според Дачиќ, Србија останува приврзана на дијалогот со Косово, во секаков формат па дури и без никакви посредници.

Белград мора да ги нормализира односите со Приштина и со другите соседи пред да може да смета на членство во Европската унија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG