Достапни линкови

logo-print

Јужна Кореја ги разгледува сите опции за граѓаните во Каесонг


Јужна Кореја ги разгледува сите опции, вклучително и воената за да ги обезбеди своите граѓани во заедничката индустриска зона која се наоѓа на северно корејска територија.
Министерот за одбрана Ким Кван џин изјави дека се прават планови откако Северна Кореја го затвори заедничкиот индустриски парк Каесонг.
Претставник на јужнокорејското министерство за обединување изјави дека на работниците ќе им биде дозволено да се вратат од Каесонг во Јужна Кореја, но не и да одат на работа во објектот. Тој ја окарактеризира одлуката на Пјонгјанг како многу штетна, додавајќи оти главната грижа на Сеул е безбедноста на повеќе од 800 јужнокорејски граѓани кои во моментов се во Каесонг.
Потегот доаѓа во време на многу високи тензии на корејскиот полуостров, по третата нуклеарна проба на Пјонгјанг во февруари. Меѓутоа, во минатото Северот не дозволуваше тензиите да влијаат врз Каесонг, кој е главен извор на цврста валута за Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG