Достапни линкови

САД: Приштина да одлучи за автономија на Србите на Косово


САД сметаат дека на Приштина е да воспостави облик на автономија што Србите ја бараат за Северно Косово, а улогата на Белград е во тоа јасно да стави до знаење дека е време да се реши тоа прашање, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд.

„Ние сакаме да видиме мирно решение на овие проблеми, што ќе овозможи и Косово и Србија да напредуваат, да продолжат напред на европскиот пат“, изјави Нуланд на конференција за новинари во Стејт департментот.

На прашањето дали Белград има улога во решавањето на прашањата за позицијата на Србите во северниот дел на Косово, Нуланд одговори дека Вашингтон смета дека улогата на Србија е јасно да им каже на српските граѓани, етничките Срби, дека е време овие прашања да се решат.
XS
SM
MD
LG