Достапни линкови

Самоа Ер ќе наплаќа авио билети според тежина на патници


Самоа - архива

Самоа - архива

Авионската Компанија Самоа Ер соопшти дека билетите за меѓународни летови ќе ги наплаќа врз основа на тежината на патниците. Цената ќе биде меѓу 0,93 и 1,06 долари за килограм за летови помеѓу Самоа и Американска Самоа.
Според Компанијата тежината е најправеден начин за наплата.Авиокомпанијата го користи овој систем за наплата на домашни летови од ноември лани, а тој беше одобрен за меѓународна употреба од страна на американското Министерство за Транспорт во јануари оваа година.
Самоа Ер обично поседува мали авиони, а просечната дебелина на жителите на островите на Пацификот е на четврто место на глобално ниво.
XS
SM
MD
LG