Достапни линкови

Дијалогот без договор, Дачиќ и Тачи на консултации


Разговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ завршија без постигнување каков било договор. Рано изутрината, високиот претставник на Унијата за надворешна политика Кетрин Ештон по 12-часовниот состанок во Брисел, изјави дека разликите меѓу двете страни се многу тесни, но длабоки.
Таа додаде дека премиерите на Србија Ивица Дачиќ и на Косово Хашим Тачи ќе се вратат во своите земји за консултации. Во наредните неколку дена ги очекувам нивните одговори. Им пожелувам успех во постигнувањето заклучоци, нагласи Ештон.
XS
SM
MD
LG