Достапни линкови

Албанија: Рама го покани Мета на заеднички настап


Еди Рама

Еди Рама

Да се обединиме во име на интересите на Албанија, за да го победиме премиерот Сали Бериша, се наведува во поканата на лидерот на албанските опозициски социјалисти Еди Рама до неговиот поранешен сопартиец и актуелен лидер на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), Илир Мета, кој во изминативе четири години беше дел од албанската Влада. Рама по контактите што ги имал со Мета, но и со одредени раководители на европските социјалисти, упати барање до Мета да ја напушти Владата за да стане „значаен дел од големата лева коалиција“ во пресрет на парламентарните избори, закажани за 23 јуни.
Во таборот на социјалистите преовладува убедувањето дека излегувањето на Илир Мета од Владата ќе доведе до владина криза, по што би се формирала техничка влада што ќе ги организира изборите во јуни.
Излегувањето од Владата на партијата на Мета го потврдија и премиерот Бериша и претседателката на албанското Собрание Јозефина Топали, но според нив, владиниот кабинет ќе опстане и без ЛСИ.
XS
SM
MD
LG