Достапни линкови

Пјонгјанг забрани пристап до заедничкиот индустриски парк


Индустрискиот парк Каесонг

Индустрискиот парк Каесонг

Властите во Јужна Кореја соопштија дека Северна Кореја им забранила пристап на јужнокорејските работници до заедничкиот индустриски парк Каесонг, кој се наоѓа на севернокорејска територија. Претставник на јужнокорејското министерство за обединување изјави дека на работниците ќе им биде дозволено да се вратат од Каесонг во Јужна Кореја, но не и да одат на работа во објектот. Тој ја окарактеризира одлуката на Пјонгјанг како многу штетна, додавајќи оти главната грижа на Сеул е безбедноста на повеќе од 850 јужнокорејски граѓани кои во моментов се во Каесонг.
Потегот доаѓа во време на многу високи тензии на корејскиот полуостров, по третата нуклеарна проба на Пјонгјанг во февруари. Меѓутоа, во минатото Северот не дозволуваше тензиите да влијаат врз Каесонг, кој е главен извор на цврста валута за Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG