Достапни линкови

logo-print

Путин со декрет забрани сметки во странство


Рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет со кој сите руски официјални лица и директори на државни компании ќе мора да се откажат од сите странски сметки и акции на компаниите. Шефот на кабинетот на претседателот Сергеј Иванов изјави дека крајниот рок за да се направи тоа е 1 јули. Тој додаде дека никој нема да биде над законот и оти секој кај кого ќе бидат најдени такви средства по овој рок, ќе биде разрешен.
Аналитичарите сметаат дека декретот е со цел да се намали корупцијата и да се спречи странското влијание врз руските официјални лица.
XS
SM
MD
LG