Достапни линкови

Египет ги обвини САД за случајот со сатиричарот


Египетскиот претседател Мохамед Морси

Египетскиот претседател Мохамед Морси

Египетските владејачки исламисти остро ги обвинија САД за флагрантна интервенција, по критиката на нивната истрага на популарниот телевизиски сатиричар Басем Јусеф. Партијата на правдата и слободата, политичко крило на Муслиманското братство, ги осуди коментарите на портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд.
Таа деновиве изјави дека сослушувањето на Јусеф го нагласува вознемирувачкиот тренд на кратење на слободата на говорот во Египет.
Јусеф во неделата беше ослободен со кауција, по испрашувањето во врска со наводното навредување на Исламот и на претседателот Мохамед Морси.
XS
SM
MD
LG