Достапни линкови

logo-print

Хамас и Израел се обвинуваат за напади


Претставници на милитантната група Хамас соопштија дека Израел извршил воздушен напад врз цели во Појасот Газа, прв пат по постигнатото примирје во ноември минатата година. Хамас соопшти дека израелски авион нападнал цели во северна Газа и оти нема жртви.
Израелската армија не го коментира ова соопштение.
Претходно вчера, Израел соопшти дека три ракети биле истрелани од палестинска територија, од кои две паднале во Газа, а една во јужен Израел. Засега никој не ја презел одговорноста за овие напади.
XS
SM
MD
LG