Достапни линкови

ОН го одобрија договорот за трговија со оружје


Генералното Собрание на ОН денеска го одобри договорот за прво меѓународно тело за регулирање на трговијата со оружје. 154 членови на Собранието од 193 гласаа за усвојување на договорот.
Против се изјасниле само членовите на Сирија, Северна Кореја и Иран кои и минатата недела заеднички го блокираа донесувањето на резолуцијата со консензус. Русија беше меѓу нациите кои беа воздржани на гласањето. Договорот е во изработка повеќе од една деценија.
XS
SM
MD
LG