Достапни линкови

logo-print

Кој е надлежен за "фантомските гласачи", ДИК или МВР?


Кандидатот за градоначалник на општина Центар од „Сојузот за идинината“ Андреј Жерновски соопшти дека има информации оти пет лица од Пустец, Албанија, се сместени во стан на носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина, што било утврдено при проверка на Избирачкиот список.
- Овие информации ги споделувам за да сфатат граѓаните кој гласаше за мојот противкандидат Тодоровиќ и какви избори имавме. Ова е одлична мотивација за граѓаните да излезат во вториот круг, изјави Жерновски.
Тој побарал средба со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за да разговараат за списоците, но не добил термин за средба. Жерновски смета дека за овој проблем, единствено има смисла да разговара со Јанкулоска пред одржувањето на вториот изборен круг.
- Сакам да потенцирам дека ова е дело кое не застарува и еден ден за ова некој ќе одговара, рече Андреј Жерновски.

МВР со политички одговор

МВР, преку соопштение наведува дека неоснованите закани нема да му го зголемат рејтингот, ниту пак ќе го компензираат недостатокот од довербата кај граѓаните. Таа се добива со дела и со работа, а не со манипулации, стои во реакцијата. МВР потсетува дека веќе се има произнесено по барањето на Жерновски.
- Во врска со вашето барање, дозволете да ве известиме дека Министерството за внатрешни работи нема намера да се инволвира во ничија кампања или стратегија за односи со јавност поврзана со Локалните избори 2013, без разлика колку и да му е потребна помош, стои во одговорот од МВР доставен до ЛДП.

Согласно законот, се појаснува, единствено надлежна институција за ажурирање на избирачкиот список е Државната изборна комисија.
XS
SM
MD
LG