Достапни линкови

Карзаи-лидерот на талибанците може да се кандидира за претседател


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека талибанскиот лидер Мулах Мухамед Омар може да се кандидира на претседателските избори во наредната година. Тој во интервју за еден германски весник рече дека на тој начин Омар ќе им даде шанса на авганистанците да гласаат за или против него. Карзаи порача дека авганистанскиот Устав важи за сите жители на земјата и талибанците може да извлечат корист од тоа.
Но, според него, талибанците најпрвин треба да ги прекинат сите врски со Ал Каеда и да се откажат од насилството ако сакаат да се вклучат во политичкиот процес.
XS
SM
MD
LG