Достапни линкови

logo-print

ДИК ја разреши изборната комисија во Чаир


Седница на ДИК

Седница на ДИК

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за разрешување на Општинската изборна комисија во Чаир и 13-те избирачки одбори, откако бил утврден поинаков резултат од дадениот во записникот. Членовите на ДИК заедно со претседателот Борис Кондарко се согласија дека тие утврдиле прекршување на постапката, но други надлежни органи треба да утврдуваат чија е вината.
Кондарко најави дека ќе бара разрешување и на околу 20-ина избирачки одбори за кои од страна на ДИК беа делумно прифатени приговорите и е донесена одлука за дисциплински постапки.
XS
SM
MD
LG