Достапни линкови

Извештајот се ближи, Нимиц се активира


Средба на посредникот за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц со претставниците на Македонија, амбасадорот Зоран Јолевски, и на Грција, Адамантиос Василакис во Њујорк, 30 јануари 2013.

Средба на посредникот за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц со претставниците на Македонија, амбасадорот Зоран Јолевски, и на Грција, Адамантиос Василакис во Њујорк, 30 јануари 2013.

Интензивирањето на разговорите за името се поврзани со тоа што беше препорачано со Есенскиот извештај од Европската унија, анализираат експертите.

Најавените разговори на медијаторот Метју Нимиц за 8 и 9 април со претставниците на двете земји Јолевски и Василакис се континуитет од претходанта средба пред Нова година, анализираат експертите, но исто така некои од нив интензивирањето на разговорите за името го доведуваат во врска со тоа што беше препорачано со Есенскиот извештај.
Европската унија рече дека веднаш после изборите ќе започнат да ги согледуваат резултатите од напредокот на Македонија и врз основа на тоа да ни дадат позитивна оценка. Од тука не гледам ништо невообичаено, туку еден след на настани кои биле договорени и кои треба да се реализираат во овој период. Но без оглед на овие активности што ќе се одвиваат, без оглед на тоа што сака да се покаже дека има некакви приближувања на ставовите, јас сум сепак скептик и не очекувам некои посебни резултати на тој план.

Јасно е дека станува збор за една веќе востановена соработка која сега само добива поголемо значење бидејќи сега се пишува извешајот. И повторно се враќаме на аспектите кои беа поставени во декември на Советот на министри, а се однесуваат на прашањето за името, напредокот во добрососедските односи и на ЕУ реформите предвидени со дијалогот на високо ниво, анализира Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

„Европската унија рече дека веднаш после изборите ќе започнат да ги согледуваат резултатите од напредокот на Македонија и врз основа на тоа да ни дадат позитивна оценка. Од тука не гледам ништо невообичаено, туку еден след на настани кои биле договорени и кои треба да се реализираат во овој период. Но без оглед на овие активности што ќе се одвиваат, без оглед на тоа што сака да се покаже дека има некакви приближувања на ставовите, јас сум сепак скептик и не очекувам некои посебни резултати на тој план.“
Ако се сеќавате на заклучоците од Советот, таму пишува дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори, ако покаже резултати, односи стои „чекори кон решавање на спорот“.

Последната рунда разговори се одржа на 29 и 30 јануари по што следуваше најава за нова скорешна средба на Нимиц со претставниците на Македонија и Грција. Медумите шпекулиираат дека наредната недела во земјава ќе пристигне и комесaрот за проширување Штефан Филе, но од канцеларијата на ЕУ се уште нема официјална потврда.

Лидија Димова од Македонскиот ценар за европско образование е подиректна. Ако ги погледнеме декемвриските заклучоци на советот тие се јасни. Во врска со спорот јасно е забележано во заклучоците на Советот дека тоа е една од облaстите, што значи дека активностите на меѓународната заедница во наредниот период имаат директна врска со препораките, вели Димова.

„Ако се сеќавате на заклучоците од Советот, таму пишува дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори, ако покаже резултати, односи стои „чекори кон решавање на спорот“.“

Списокот на активности од ваков тип во наредниот период ќе се зголемува, смета Димова.

„Прво треба да се дочека вториот круг од изборите в недела, со оглед на сето ова што се случува во овој дел од кампањата и тоа ќе биде од битно значење за Извештајот кој е напишан, но графата за изборите е оставена празна и треба да се пополни“, додава Марковски.

Европската унија односно нејзините претставници претходно покажаа мотивираност да интервенираат за несогласувањата меѓу власта и опозицијата. Тогаш во земјата беше еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG