Достапни линкови

Словенија го ратификува договорот за прием на Хрватска во ЕУ


Весна Пусиќ

Весна Пусиќ

Словенечкиот парламент денеска едногласно го ратификува договорот за зачленување на Хрватска во Европската Унија, со што Словенија стана 23-тата земја членка на ЕУ која го одобри приемот на Хрватска. До ваков исход дојде откако пред еден месец премиерите на Словенија и на Хрватска, Јанез Јанша и Зоран Милановиќ договорија компромисно решение и за спорот во врска со Љубљанска банка. На ратификацијата во словенечкиот парламент присуствуваа и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ, која изјави дека не само што во изминатиот период беа решени спорните прашања меѓу Хрватска и Словенија, туку се изградени и многу подобри меѓусебни односи. Планирано е Хрватска од први јули годинава да стане членка на Европската Унија, а тоа треба да го ратификуваат уште Германија, Холандија, Данска и Белгија.
XS
SM
MD
LG