Достапни линкови

Управен суд - Одбиени сите тужби, освен една


Гласање за локалните избори во Кичево, 24 март 2013.

Гласање за локалните избори во Кичево, 24 март 2013.

Управниот суд ги одби тужбите на Сојузот за иднината, со што ќе има прегласување на три избирачки места во Струмица. Судот уважи само една тужба за Кичево.

Од вкупно 142 тужби поднесени од политички партии за приговори околу нерегуларности во првиот изборен круг до Управниот суд, уважена е само една тужба, а останатите се одбиени како неосновани, велат од судот. Уважена е тужбата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 0734 во Кичево. Од судот велат дека со таа тужба во Кичево нема да се смени видно состојбата.
Управен суд Скопје.

Управен суд Скопје.


Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека е некорекно да се коментира одлука на суд.
Тоа што е уважена жалбата за Кичево нема да се одрази на резултатот, така да резултатите од првиот круг од изборите во Кичево се дефинитивни и веќе е избран градоначалникот Фатмир Дехари. Останува да се одвива вториот круг во рамки на коректноста која беше во првиот круг.

„Тоа што е уважена жалбата за Кичево нема да се одрази на резултатот, така да резултатите од првиот круг од изборите во Кичево се дефинитивни и веќе е избран градоначалникот Фатмир Дехари. Останува да се одвива вториот круг во рамки на коректноста која беше во првиот круг. “

Во тоа избирачко место кандидатот за градоначалник на ДУИ Фатмир Дехари освоил 349 гласа наспроти 219 на неговиот противкандидат Благоја Деспотовски.
Прес конференција на градоначалникот на Струмица Зоран Заев на 29 март 2013.

Прес конференција на градоначалникот на Струмица Зоран Заев на 29 март 2013.


Управниот суд ја одби тужбата на СДСМ за решението на Државната изборна комисија за трите избирачки места во Струмица, што значи дека на 7 април ќе има прегласување на првиот круг во избирачките места „Стара кожара“ и основните училишта „Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“. Вкупниот број на гласачи на овие три места изнесува 3.255 од кои 2.553 излегле да гласаат на 24 март. Според податоците на Државната изборна комисија од гласачите, 1.436 гласови отишле на контото на досегашниот градоначалник Зоран Заев, додека неговиот опонент од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев освоил 1.034. Вкупната разликата од првиот изборен круг меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Струмица изнесува 2.096 гласа.

Заев најави дека својата реакција за одлуката на Управниот суд ќе ја изнесе попладнево на прес-конференција.

Коалицијата на Сојуз за иднината поднесе 101 тужби до Управниот суд со образложение дека Државната изборна комисија ги донела одлуките за приговорите со надгласување. Одбиени се сите тужби на СДСМ. Судот не ги прифати ниту 35-те тужби на ДОМ нути четирите на Демократската партија на Турците. Одбиена е и една тужба на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 0793 во Кичево каде што излегле на гласање вкупно 833 гласачи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG