Достапни линкови

Северна Кореја ќе го рестартира нуклеарниот реактор


Северна Кореја соопшти дека ќе го рестартира нуклеарниот реактор во Јонгбјон, кој беше затворен во 2007-ма година. Според државната агенција, тоа вклучува и обновување на процесот за збогатување ураниум. Во Јонгбјон беше произведен плутониоумот за првите два нуклеарни теста на Северна Кореја, во 2006-та и 2009-та година. Инаку, денеска медиумите во Пјонгјанг објавија говор на лидерот Ким Џонг Ун во кој тој истакнува дека нуклеарната програма го помага економскиот развој на земјата. Тој оценил дека Соединетите Држави настојувале да ја втурнат Северна Кореја во трка по вооружување. Деновиве Кин Џон Ун прогласи состојба на војна со Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG