Достапни линкови

logo-print

Нимиц на средба со Јолевски и Василакис наредната недела во Њујорк


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ќе се сретне со преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, во седиштето на ОН во Њујорк на 8 и 9 април. Средбата се одржува на барање на Нимиц, а двајцата преговарачи ја прифатиле поканата, соопштуваат од ОН.

Нимиц прво ќе се сретне со преговарачите одделно, а потоа ќе одржат и заедничка средба, заради продолжување на преговорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.
XS
SM
MD
LG