Достапни линкови

logo-print

Ештон - Договорот меѓу Белград и Приштина на дофат


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон истакна дека верува оти договорот меѓу Белград и Приштина е на дофат, додавајќи оти постигнувањето на договор нема да биде лесно. Ештон наведе дека уште на првата средба меѓу премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ во нејзината канцеларија, видела „посветеност и одлучност на двете страни да постигнат договор“. Тачи, пак, вчера изјави дека нема лесно да биде постигнат договор на денешниот дијалог со српскиот премиер во Брисел. Тој посочи дека „цената за евентуалното непостигнување на договорот ќе ја плати Белград, а таа ќе биде доцнење во процесот на европските интеграции“.
XS
SM
MD
LG