Достапни линкови

Штрајк со глад во Гвантанамо Беј


Американскиот затвор Гвантанамо Беј на Куба.

Американскиот затвор Гвантанамо Беј на Куба.

Американските власти соопштија дека 39 затвореници во затворот Гвантанамо Беј штрајкуваат со глад, но затворениците велат дека вистинскиот број е многу поголем. Агенцијата Асошиејтед прес објави дека Саудиецот Шакер Амер му кажал на неговиот адвокат дека 130 луѓе одбиваат храна во знак на протест поради нивното затворање. Њујорк Тајмс цитира адвокати чии клиенти им кажале дека „огромно мнозинство од затворениците“ кои не се соочуваат со никакви обвиненија „одбиваат храна со недели“. Според портпаролот на армијата, тројца затвореници се хоспитализирани од почетокот на штрајкот. Делегација од Меѓународниот комитет на Црвениот крст пристигна во затворот на 26 март да го испита случајот. Само шестмина од 166 преостанати затвореници се соочуваат со судење. Околу 90 се ослободени од обвиненијата, но остануваат затворени поради американските ограничувања и компликациите во нивните родни земји.
XS
SM
MD
LG