Достапни линкови

САД - Постапките на Северна Кореја не соодветствуваат со реториката


Белата куќа соопшти дека и покрај агресивната реторика од Северна Кореја, Вашингтон не гледа какво било зголемување на воената мобилизација или репозиционирање на силите од страна на Пјонгјанг. Секретарот за печат на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД сериозно ги земаат предвид заканите од страна на Северна Кореја, но дека немало акции во склад со реториката. Во неделата, на 30 март Пјонгјанг прогласи „воена состојба“ помеѓу двете Кореи и соопшти дека Северна Кореја ги насочила воени сили кон Јужна Кореја. САД испрати стелт авиони од типот Ф-22 во Јужна Кореја од база во Јапонија за поддршка на тековните американско-јужнокорејски воени вежби. Пјонгјанг го осуди потегот како провокативен.
XS
SM
MD
LG