Достапни линкови

ОН ќе гласаат за регулирање на трговијата со оружје


Илустрација.

Илустрација.

Генералното собрание на ОН денеска треба да гласа за договор за прво меѓународно тело за регулирање на трговијата со оружје. Резолуцијата треба да биде одобрена од мнозинството од 193 членки на ОН. Иран, Северна Кореја и Сирија минатата недела заеднички блокираа донесување на резолуцијата со консензус. Договорот е во изработка повеќе од една деценија. Активисти и влади лобираат да се регулира трговијата со оружје за да се спречи тоа да дојде во рацете на терористи, бунтовници и криминалци.
XS
SM
MD
LG