Достапни линкови

Обама ја предложи ќерката на Кенеди за амбасадорка во Јапонија


Керолајн Кенеди, ќерката на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Керолајн Кенеди, ќерката на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Американскиот претседател Барак Обама побарал од Керолајн Кенеди, ќерката на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, да биде американски амбасадор во Јапонија. Керолајн Кенеди има 55 години, образованието го стекнала на универзитетите Харвард и Колумбија, автор е на десетина книги и работела во неколку непрофитни организации. Таа е силен поддржувач на Обама,уште од неговата прва кампања за Белата куќа. Сегашниот американски амбасадор во Јапонија Џон Рос ја извршува таа функција од 2009 година.
XS
SM
MD
LG