Достапни линкови

Оштетена и ограбена историска синагога во Дамаск


Илустрација.

Илустрација.

Историската еврејска синагога Јобар во Дамаск била оштетена од гранатирањата и ограбена, соопштуваат сириски официјални претставници. Синагогата изградена во чест на библискиот пророк Свети Илија пред околу 2.000 години е една од најстарите синагоги во светот. Шефот на сирискиот оддел за антиквитети, Мамон Абдулкарим, изјави дека ограбувачите ги украле златните лустери и икони од синагогата. Тој изјави дека, сепак, илјадници бесценети ракописи веќе се преселени во друга синагога во Стариот град во Дамаск, кој е под заштита на УНЕСКО. Многу од историските споменици во Сирија, вклучувајќи антички пазари, џамии и цркви, сè повеќе стануваат жртви на граѓанската војна.
XS
SM
MD
LG