Достапни линкови

logo-print

Град во САД донесе закон за задолжително поседување оружје


Илустрација.

Илустрација.

Градот Нелсон во американската држава Џорџија донесе закон според кој „главата“ на секое семејство треба да има пиштол. Советниците во Нелсон ја донесоа оваа уредба во знак на поддршка на поседувањето оружје. Мерката сепак е само симболична, затоа што не предвидува санкции за оној што нема да ја почитува. Од законската обврска се изземени осудуваните криминалци, луѓето со физички или ментални пречки и оние што имаат приговор на совеста. Во САД се води жестока дебата за контрола на оружјето, откако вооружен напаѓач уби 26 луѓе, претежно деца, во основно училиште во Конектикат во декември.
XS
SM
MD
LG