Достапни линкови

logo-print

Москва ја испитува смртта на руско дете посвоено во САД


Тригодишниот Макс Шато, роден како Максим Кузмин во Русија.

Тригодишниот Макс Шато, роден како Максим Кузмин во Русија.

Руските експерти во моментов го анализираат извештајот од обдукцијата на Макс Шато, роден како Максим Кузмин во Русија, изјавија во руската амбасада во Вашингтон. Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека испратиле копија од извештајот до руските власти. Смртта на тригодишниот Шато, кој е руско дете посвоено во САД, во јануари, предизвика меѓународни контроверзии, откако руски претставници ја обвинија посвоителката на Макс, Лора Шато за убиство. Во американскиот извештај од Судска медицина се наведува дека смртта на детето е несреќен случај кој се должи на „самонанесени повреди“. Властите соопштија дека нема да поднесат обвинение против родителите кои го посвоиле детето, што наиде на критики во Москва. Русија побара увид во извештајот од аутопсијата и оцени дека истрагата во САД била нецелосна.
XS
SM
MD
LG