Достапни линкови

Епл се извини по критиките во кинеските медиуми


Американскиот компјутерски гигант Епл објави извинување по неколкудневната кампања од државните кинески медиуми кои ја обвинија компанијата за ароганција, некоректни услуги за корисниците и лоша политика на враќање на производите. Директорот на Епл Тим Кук во соопштението објавено на кинески јазик вели дека лошата комуникација создала впечаток дека компанијата не обрнува внимание на корисниците и додава дека Епл ќе ревидира дел од гарантните политики и внимателно ќе ги следи овластените дилери.
XS
SM
MD
LG