Достапни линкови

Тина Иванова со роман за горчливиот вкус на нашето живеење


Кругови, роман на Тина Иванова.
Кругови, роман на Тина Иванова.

„Кругови“ е насловена првата литературна објава на Тина Иванова, добитничката на државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Романот е 14-то издание на македонски автор во едицијата „ПроАза“ и 71 наслов што го потпишува книгоиздателството „ИЛИ-ИЛИ“ од Скопје. Промоцијата на книгата ќе се случи в среда, во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Она што го одликува кусиот роман „Кругови“ е што на мал број страници се прикажува еден свет на секојдневието скопско, современо, денешно, што не е само одраз на сегашниот живот на главната јунакиња, туку и средба со некои вечни дилеми, што веројатно го мачат посензитивниот и поумен човек, секогаш...
Кругови затоа што книгата на еден несекојдневен начин зборува и за политиката, а ако гледаме малку наназад во историјата и политиката се врти во круг. Кругови затоа што симболиката која што е внатре вметната, за смртта, за љубовта, за политиката, па и на некој начин за славењето на животот, сите тие сегменти или елементи се вртат постојано во круг. Ете затоа и Кругови, наслов кој што ќе асоцира и на почетокот и на крајот на животот, на повторното раѓање и на крај на еден нов живот.
Тина Иванова, авторка.

Некој поупорен критичар би нашол во прозата на Иванова елементи на филмско сценарио, визуелни елементи во секој случај, затоа што она што доаѓа како плод на визуелното искуство, а тоа е монтажата, дијалозите, атмосферата, има многу визуелни наслојки. Но, токму тоа му дава на „Кругови“ една современа постмодерна структура, што сигурно ја вклучува Иванова во редот на најљубопитните истражувачи во новата македонска проза...
Тина Иванова.
Тина Иванова.

Ова ќе го запише д-р Александар Прокопиев во рецензијата за новелата „Кругови“, првата литературна објава на Тина Иванова.

Авторката, пак, вели дека книгата го добила овој наслов поради тоа што се занимава со една кружна симболика, односно ликовите за кои таа пишува во романот тргнуваат од едно место и повторно се враќаат на истото тоа место без притоа да ја остварат целта што си ја замислиле – да ја изживеат сопствената револуција.

Овој современ или постмодерен јазик е природен кај мене бидејќи такви книги читам, таков живот живеам, таква музика слушам. Веројатно природно се наметнало тоа додека сум ја пишувала оваа книга, да го користам јазикот кој што си го користам во секојдневието. Книгата е современа. Се занимава со совремието, со едни ликови кои живеат надреален живот меѓутоа чие поведение е поттикнато од објективните општествени, политички и социо-културни случувања.
Тина Иванова, авторка.
„Кругови затоа што книгата на еден несекојдневен начин зборува и за политиката, а ако гледаме малку наназад во историјата и политиката се врти во круг. Кругови затоа што симболиката која што е внатре вметната, за смртта, за љубовта, за политиката, па и на некој начин за славењето на животот, сите тие сегменти или елементи се вртат постојано во круг. Ете затоа и Кругови, наслов кој што ќе асоцира и на почетокот и на крајот на животот, на повторното раѓање и на крај на еден нов живот“, вели Иванова.

Разбирливо, при една таква поставеност на темата, таа, како што ќе забележи и рецензентот Прокопиев, не влегува во редот на писателите кои копаат по архаизмите и дијалектизмите, туку пишува сочно и едноставно – онака како што говори и како што живее.

„Овој современ или постмодерен јазик е природен кај мене бидејќи такви книги читам, таков живот живеам, таква музика слушам. Веројатно природно се наметнало тоа додека сум ја пишувала оваа книга, да го користам јазикот кој што си го користам во секојдневието. Книгата е современа. Се занимава со совремието, со едни ликови кои живеат надреален живот меѓутоа чие поведение е поттикнато од објективните општествени, политички и социо-културни случувања“, вели авторката.

Родена 1976 година, Иванова дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот за музикологија. Од основањето до денес, работи како новинарка и музичка критичарка во „Утрински весник“, каде што четири години беше и уредничка на културната рубрика. Покрај тоа, таа извесен период работеше како водителка во музичкото радио Канал 103, но и како рецензентка на Првата програма на Македонско радио - Радио Скопје, а нејзини осврти, интервјуа и рецензии се објавувани во повеќе списанија за музика и за култура. Член е на Сојузот на композиторите на Македонија, а пишува музиколошки есеи за единственото специјализирано музичко списание „Музика“.

Тина Иванова е авторка и на книгата за случувањата и значењето на култното скопско радио Канал 103 насловена „Документ 103“, а за која во 2011 година ја доби државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG